Утрински Весник
Спорт

НБА ќе ги отвори базите за тренинзи во држави каде е олеснет режимот на самоизолација

НБА ќе ги отвори базите за тренинзи во држави каде е олеснет режимот на самоизолација

Вашингтон, 6 мај 2020 (МИА) – НБА ги извести клубовите дека центрите за обука ќе бидат отворени во петок во голем број држави каде властите го олесниле режимот на изолација. Ова преку социјалните мрежи го соопшти инсајдерот на „Њујорк тајмс“, Марк Штајн.

На 11 март, НБА ја прекина сезоната 2019/20 по позитивен тест на коронавирус кај центарот на Јута Руди Гобер.

На 20 март, лигата ги затвори сите центри за обука и им забрани на кошаркарите да користат јавни места и фитнес центри. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ