Утрински Весник
Македонија

Повеќе делови на Скопје утре без струја

Без струја утре од Карпош и бензинската во село Чојле
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека утре без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Гемиџиска бр.139, 141 и 143 во општина Гази Баба.

Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Васил Стефановски лоцирани во близина на Црногорската Амбасада, како и корисниците од околните улици во близина на Црногорската Амбасада во општина Центар.

Дел од корисниците од село Кучково лоцирани кај манастирот во општина Ѓорче Петров без струја ќе бидат во периодот од 08.30 до 14.30 часот, а во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Долно Количани лоцирани на потегот кон амбулантата во општина Студеничани ќе бидат без електрична енергија.

Дел од жителите на селата Катланово, Тотинци и Ржаничино, тунелот Катланово, како и корисниците од селата Кожле и Бадар во општина Петровец без струја ќе бидат во периодот од 10.30 до 15.30 часот. нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица