Утрински Весник
Спорт

Во Барселона пријавени загуби од 120-140 милиони евра како резултат на коронавирусот

Барселона против Гранада направи 1.005 додавања

Барселона, 5 мај 2020 (МИА) – Екипата на Барселона досега изгубила 120-140 милиони евра поради пандемијата од коронавирус. Ова го откри економскиот потпретседател на клубот, Жорди Кардонер.

Од нив, околу 50 милиони се поради стопирање на продажба на билети за дуелите и клупскиот музеј, 39 милиони се за неплатени ТВ права и меѓу 20-25 милиони за комерцијални приходи од продавници, фудбалски кампови, активности на клупски легенди итн.

– За толку знаеме денес. Секако ќе има загуби. Трошоците ќе мора да се намалат. До февруари ги надминавме очекувањата. Нашата позиција беше успешна и очекувавме врвен крај на финансиската година. Сезоната запре и нашите приходи драстично паднаа. Во првата година на спонзорство името на стадионот ќе биде приход за жртвите од коронавирус и останатите 25 години во комерцијални цели. Играчите беа многу позитивни во однос на кратењето на платите, затоа што знаат дека ситуацијата не е шега. Ла Лига може да не се игра пред гледачи до следниот февруари. Бројот на засилувања ќе биде ограничен, повеќето ќе се преку размена. Така ќе бидат работите во цела Европа, прокоментира Кардонер пред „ЕСПН“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност