Утрински Весник
Македонија

Пожар во делчевското село Тработивиште

Пожар во делчевското село Тработивиште

Делчево, 5 мај 2020 (МИА) – Пожар зафати три куќи во близина на реката Желевица во село Тработивиште. Како што информираат жители на селото, во пожарот најмногу настрадала сушарница, додека брзата интервенција на делчевските пожарникари спаси од опожарување уште три куќи кои се наоѓале во близина.

-Пожарот избувна во доцните попладневни часови, по што е веднаш пријавен до противпожарната единица во Делчево. Во моментот се локализира од страна на пожарникарите, информираат жителите.

Како што додаваат, на помош им излегле и дел од жителите кои живееле во близина на опожарениот објект.

Случајот е пријавен во полиција, а допрва ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот. вс/мч

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври