Утрински Весник
Македонија

Во Велес четворица новозаболени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Во Велес четворица новозаболени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Велес, 5 мај 2020 (МИА) – Во Велес во изминатите 24 часа се регистрирани четворица новозаболени со Ковид-19, со што во градот има вкупно 81 регистриран случај со овој вирус, објави ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес.
Четворицата новозаболени во Велес е половина од вкупно осумте новозаболените лица во земјава во изминатите 24 часа, од кои тројца новозаболени се регистрирани во Скопје, а еден во Битола. Добра вест во Велес е што сепак во изминатото деноноќие има еден оздравен пациент од Ковид-19.
Последно регистрираните шест новозаболени беа на први мај, кога бројката се искачи на 77, по што три дена немаше регистрирано новозаболени со Ковид-19 во градот.
На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес, како што информира за МИА портпаролот Весна Неделковска Николова во моментов на лекување се 21 пациент, од кои кај 19 е потврдено присуството на Ковид-19, а двајца чекаат резултати од тест. ад/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија