Утрински Весник
Македонија

Предлог парични казни за четири лица кои го прекршиле полицискиот час во Берово

Во Берово ќе се субвенционираат трошоците за комунални услуги
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Берово, 5 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Берово поднесе предлози за издавање казнен налог за четворица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест КОВИД – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи парична казна за обвинетите лица од по 10 или 20 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило, при што тешко бил повреден и еден пешак, приведен возач од Скопје

МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето