Утрински Весник
Македонија

Исчистена дивата депонија во село Будинарци

Исчистена дивата депонија во село Будинарци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Берово, 5 мај 2020 (МИА) – Во Берово спроведена пролетна акција за чистење на дивата депонија во село Будинарци. Како што информираа надлежните, акцијата се реализира со цел намалување на загадувањето и заштита на населението од заразни болести.

– Во рамките на пролетните активности спроведовме акција за чистење на дивата депонија во село Будинарци, која се наоѓа во близина на река Брегалница, наспроти регионалниот пат Берово-Виница. Активноста е дел од мерките за заштита од вирусот Ковид-19 и има за цел подигнување на свеста кај граѓаните и подобрување на сликата како за градот, така и за населените места, информираа надлежните.

Во акцијата учествуваа екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, од каде додадоа дека претпријатието ќе продолжи со чистење на дивите депонии создадени од несовесното однесување на поединци.

Од Општината упатија апел до граѓаните, да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота, со што ќе дадат свој придонес за почиста и поздрава средина, а Берово ќе го задржи епитетот за еколошки чист град. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар