Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и упорно не се откажува од државните пари

СДСМ: Сите го поздравуваат носењето на Законот за ЈО, само на криминалците од ВМРО-ДПМНЕ не им одговара

 

Скопје, 5 мај 2020

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев. Продолжува нивното бесрамно,безобразно и неодговорно однесување кон граѓаните.

Партијата симбол на расипништво не може да и замачка очи на јавноста со лажни вести и извртување на вистината. Очајни се нивните обиди за манипулација на граѓаните во време на криза.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за граѓаните покажаа со тоа што ниту денар не донираа и упорно не се откажуваат од државните пари како гест на солидарност во време на корона кризата.

Јавноста многу добро памети како министри, функционери и други службени лица во државните институции на тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, трошеле илјадници евра на ручеци и вечери по ресторани во и надвор од државата, а од службени картички пазарувале гардероба, храна и пијалоци за лични потреби.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок. Набавките на основни и специфични прехранбени услуги за Владата, Собранието, Претседателот на државата, Клубот на пратеници или странски претставништва во државава се дел од редовна набавка, а количините се определуваат во согласност искуствата од претходните години.

Но, ВМРО-ДПМЕ намерно заборава да каже е дека плаќањето е сукцесивно и дека она што нема да се потроши, нема да се плати.

Неспоредливо и немерливо е расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во однос на користењето односно злоупотребувањето на државните ресурси и одговорното, транспарентно и отчетно однесување на СДСМ кон народните пари.

Потврда за тоа се и кратењето на непродуктивните  трошоци и трошењата од службените картички на функционерите на СДСМ кои се сведени на минимум.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да излезе од сликата на расипници, колку и да се обидува, а зад сето ова однесување се крие фактот дека повторно се обидуваат да избегаат од избори и се плашат да се соочат со граѓаните, бидејќи знаат дека и овој пат се на погрешната страна.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт