Утрински Весник
Економија
Img 7972

Намалување на економската активност од 3,5 отсто, најновата проекција на Народната банка

Народна банка: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата
300x250 opst2

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Народната банка ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народата банка проектира раст од 4,7 отсто.

Ова го соопшти гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска на денешната прес – конференција на која рече дека се очекува пад на личната потрошувачка од четири проценти, пад од 10 отсто кај бруто инвестциите, кај извозот 17 проценти, кај увозот 15 проценти.

Народната банка прави ревизија и кај инфлацијата, така што за годинава според проекцијата ќе биде околу нула во однос на претходно предвиденот од 1,5 отсто, додека за наредната година на 1,5 отсто.

Ревизијата следи како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Народната банка прави редовни проекции двапати во годината едната е во април, а другата во октомври.скс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата