Тетово, 5 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека треба да се надминат неколку ситуации поврзани со коронавирусот за да има избори. Тој на прес-конференцијата на партијата истакна дека таква состојба е можна кога ќе нема нови заболени.
-Сите треба да очекуваме што ќе кажат експертите, второ се забележува дека ДУИ сака по секоја цена да одат на избори, затоа што сакаат да се реконфирмираат на власт, трето сите економски пакети што треба да одат кон граѓаните, како помош поради коронавирусот, треба да одат пред да започне кампањата затоа што тоа може да се злоупотреби ако во време на кампањата продолжуваат да се даваат економски пакети помош на граѓаните. Четврто да се договориме како политички партии како ќе бидат изборите, колку луѓе ќе учествуват на тие собири, бројката и слично. Важно е сите заедно да донесем одлука затоа што ако некој сам сака да донесе одлука треба и сам да сноси одговоорност, рече Мендух Тачи.
Сами Рушиди од Комисијата за економија предложи во име на ДПА неколку мерки за подобрување на сотојбите кај граѓаните поради состојбата со коронавирусот.
-ДПА бара амнестија на сите казни во време на пандемијата, на сите полнолетни граѓани да им се додели помош од 100 евра и да има финансиска помош за некои компании што не можат да се борат со проблемите поради ситуацијата, истакна Рушиди. ас/мд/