Утрински Весник
Македонија

Во општина Гевгелија се спроведува акција за одржување на јавните површини и зеленило

Во општина Гевгелија се спроведува акција за одржување на јавните површини и зеленило

Гевгелија, 5 мај 2020 (МИА) – Гевгелиските комуналци задолжени за одржување на јавните површини и паркови почнаа акција за косење на тревниците и за уредување на жардиниериите во градските паркови,пред институциите и детските игралишта во градот и населените места.

Во пресрет на следната летна сезона јавните комунални работници,поради опасност од појава на пожари на отворено,велат дека ќе извршат косење и на израснатите тревници на парцели од неизградено земјиште во сопственост на граѓани и покрај тоа што не е нивна надлежност.

-Овој пат во договор и по препорака на општината ќе ги косиме споменативе површини,но апелираме до нивните сопственици во иднина да не ги запоставуваат и редовно да си ги одржуваат имотите бидејќи косењето тревници на неизградени површини не е надлежност на ЈПКД „Комуналец“, велат од претпријатието. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце