Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на кровот на ОУ „Гоце Делчев“ во Виница

Реконструкција на кровот на ОУ „Гоце Делчев“ во Виница

Виница, 5 мај 2020 (МИА) – Во основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница денеска почна проект за реконструкција на кровот, за што локалната самоуправа обезбеди грант од над 9,3 милиони денари од Министерството за образование и наука.

Со проектот е предвидено да се отстранат старите азбестни плочи и на нивно место да се постави нов лимен кров со термички изолатор со дебелина од 15 сантиметри и пластична фолија.

-Санацијата на кровната конструкција во училиштето се реализира во соработка со ресорното министерство преку проектот „Изградба и опремување на 15 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта“. Притоа ќе се обнови површина од околу 2.200 квадратни метри на објектот и ќе се обезбеди соодветна хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот кров и оштетувањето на внатрешните простори во оваа образовна институција, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Изведувач на реконструкцијата е компанијата „Изградба комерц“ од Скопје која има обврска градежните работи да ги заврши во период од три месеци.

ОУ „Гоце Делчев“ е изградено пред триесетина години и досега немало поголеми зафати за реконструкција. Заедно со подрачните објекти во селата Истибања и Јакимово во него настава посетуваат околу 600 ученици.та/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година