Утрински Весник
Македонија

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Во рамки на програмата „Култура во време на Корона“ на Град Скопје вечер ќе се одржат два концерта.

Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец. Концертот ќе почне во 19 часот.

Во Чаир, кај паркот на улица „Вуковарска“ во 20.30 часот ќе настапи „Бонифејс“ (BONIFACE).

Настапите ќе бидат стримувани на „Фејсбук“ страницата на Град Скопје и на неговиот „Јутјуб“ канал.

Од Градот Скопје потсетуваат дека, заедно со градските културни институции, на 13 април, бил објавен Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Оттаму информираат дека заинтересираните уметници може да се пријавуваат на интернет страницата на МКЦ. Ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа, а  техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје. Ќе бидат поддржани и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца, во времетраење до два часа.

-Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, велат од Град Скопје. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе