Утрински Весник
Економија

Џенерал електрик укинува уште над 10.000 работни места во авијацијата

Џенерал електрик укинува уште над 10.000 работни места во авијацијата
Dik 300x250 mk

Њујорк, 5 мај 2020 (МИА) – Џенерал електрик (General Electric – GE) доцна синоќа соопшти дека затвора дополнителни 10.000 работни места во одделот за авијација.

Американскиот концерн како причина за овој чекор ја наведува пандемијата на Ковид-19, која предизвика тешки последици во воздушниот сообраќај и на порачките на авиони, за кои Џенерал електрик произведува мотори.

Намалувањето на работниците ќе се спроведе преку доброволни заминувања и отпуштања. Првиот бран отпуштања беше во март, кога беа укинати 2.600 работни места.

Џенерал електрик вкупно ќе намали 25 проценти од вработените во авијацискиот сектор, или 13.000 работници. јт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”