Утрински Весник
Спорт

Барселона и Интер се блиску до договор за трансфер на Мартинез

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Мадрид, 5 мај 2020 (МИА) – Европските фудбалски гиганти, Барселона и „Интер, се близу до договор за трансферот на напаѓачот на миланскиот клуб Лаутаро Мартинез.

Според „Спорт ес.“ каталонскиот клуб ќе плати 60 милиони евра за 22-годишниот Аргентинец, а исто така вклучува двајца играчи чии имиња не се наведени во договорот. Претходно во медиумите имаше информации дека раководството на Интер е подготвено да го ослободи Мартинез само доколку добие 111 милиони евра – сума пропишана во договорот на фудбалерот како обештетување, но Барселона не е подготвена да плати толку многу заради финансиската криза, предизвикана од пандемија на коронавирус.

Мартинез има 16 голови и четири асистенции на 31 натпревар за Интер во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност