Утрински Весник
Македонија

Се одбележува Неделата на сестринството

Се одбележува Неделата на сестринството
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Од денеска до 12 мај се одбележува Неделата на сестринството, во која годинава ќе изостанат средбите и свеченостите со оглед на тоа што како медицински работници се во првите редови во борбата против коронавирусот.

Слоганот на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри е „Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“.

Здружението ги поканува соработниците и членовите, уметници и музичари, медиуми, граѓани и претставници на невладиниот секторда се вклучат во одбележувањето на Неделата на сестринството преку нивната веб-страна со креативни дела и видео честитки.

-Честитките со хаштаг #НеделаНаСестринствотоЗаНас ќе бидат објавени на нашата веб страна www.zanas.mk, како и на социјалните мрежи и телевизиите на кои ќе се говори за сестринството како хумана професија во текот на одбележувањето на Неделата на сестринството, наведуваат од Здружението.

Свечена онлајн академија по повод Неделата на сестринството ќе се одржи на 12 мај. ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе