Утрински Весник
Спорт

Шест клуба се спротивставуваат на продолжението на Премиер лигата

Премиер лига ќе нема ниту во мај

Лондон, 4 мај 2020 (МИА)– Челниците на Премиерлигата даваат се од себе за да го продолжат првенството, но не сите клубови се подготвени да го продолжат натпреварувањето.

Според англиските медиуми, Норвич, Астон Вила, Бурнемут, Ватфорд, Вест Хем и Брајтон го саботираат договорот, бидејќи се за опција да се откаже сезоната и да се започне во август од почеток.

Ова е разбирливо, бидејќи овие шест екипи ги заземаат последните шест места на табелата и на овој начин би сакале безбедно да го задржат елитниот статус.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони