Утрински Весник
Спорт

Формула 1 започнува во јули со „драконски мерки“, соопшти извршниот директор на Ред Бул

Формула 1 започнува во јули со „драконски мерки“, соопшти извршниот директор на Ред Бул
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милтон Кинс, 4 мај 2020 (МИА) – Планот на Формула 1 да ја започне сезоната во Австрија на 5 јули вклучува многу строги мерки за стопирање на инфекцијата од коронавирус, изјави директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

– Секако, мерките за тестирање, истражување и ограничување на групните контакти ќе бидат драконски, но ние ќе ги прифатиме ако тоа ни овозможи да ја започнеме сезоната. Ако сè оди според планот, ќе биде добар пример да се следи и од другите патеки, вели Хорнер за „Аутоспорт“.

Една од мерките е да се ограничат вработените во тимот на можеби 80 за секој. Тие ќе мора да бидат во ист хотел и да патуваат заедно. Контактот со членовите на другите тимови ќе биде забранет.

– Планиравме не само заштитни мерки за луѓето во Формула 1, туку и за домаќините на трките. Контактите со навивачите и со нормалните граѓани, исто така, ќе бидат забранети. Ова Гран-при ќе биде се друго, освен традиционално,додава шефот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички