Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ организира навивачки групи за да шири поделби и тоа на гробот на Гоце Делчев

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

 

Скопје, 4 мај 2020

На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице.

Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ.

Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување како и работата на медиумите.

Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.

Исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти.

Одново се покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на погрешната страна, против интересите на државата, против интересите на македонскиот народ, против интерсите на сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт