Утрински Весник
Спорт

Тотенхем главен кандидат за нов клуб на Ракитиќ

Ракитиќ: Сакам да останам во Барселона

Барселона, 4 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да го смени клубот во летен трансфер прозорец. Според Мундо Депортиво, 32-годишниот Хрват би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем. Англискиот клуб е главен кандидат за Ракитиќ.

Претходно беше објавено дека Атлетико, Севиља и Јувентус се интересираат за играчот од средниот ред.

Тековниот договор на Ракитиќ со Барселона истекува летото 2021 година. Познато е дека каталонскиот клуб не планира да го продолжи.

Оваа сезона Ракитиќ настапи на 21 натпревар во Ла Лига за Барса и оствари три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот