Утрински Весник
Економија

Над 7.000 компании аплицирале, користат или ќе користат некоја од економските мерки

Над 7.000 компании аплицирале, користат или ќе користат некоја од економските мерки

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Околу 7.000 компании аплицирале, ги користат или ќе користат некоја од мерките од двата сета економски мерки што ги претстави досега Владата.

-Во првиот пакет мерки беа најавени ослободувања од аконтации на данок на добивка за месеците март, април и мај за погодените компании и истото се однесуваше за ослободување од аконтации на данок на личен доход за самостојните вршители на дејност. Ако погледнеме досега, податоците на УЈП велат дека над илјада субјекти, компании и вршители на дејност ја искористиле оваа мерка за ослободување на аконтации, поточно над 680 аплицирале за ослободување од аконтации од данок на добивка и околу 380 аплицирале самостојни вршители на дејност за ослободување од аконтации од данок на личен доход, појасни министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека од бескаматните кредитни линии што беа лансирани, првата веќе комплетно е искористена и со неа 631 компанија што вработува 5.600 лица добија одобрени бескаматни кредити во износ од 4,7 милиони евра. За оваа линија, рече, имаше навистина голем интерес па веќе втората линија од осум милиони евра беше пуштена на 29 април и за неа само на 29 април веќе имало доставени 600 апликации од компании.

-Во оваа линија имаше и дополнително олеснети услови за да ја искористат што поголем број компании, се однесуваше на сите дејности кои имаат пад од најмалку 30 проценти на приходите и самата постапка за аплицирање беше значително олеснета земајќи ги предвид сите сугестии и критики од првата кредитна линија, потенцира министерката Ангеловска.

За мерката за која што велиме дека е најобемна, односно вредна од 100 до 120 милиони евра, појасни министерката, апликациите беа пуштени во петокот попладне и заклучно денеска до утрово има поднесено над 5.000 апликации од компании.

-Четири илјади апликации се веќе обработени, одобрени. Значи, тоа е оној процес, како што кажавме, сега до 7 мај се поднесува барање за исполнување на условите и потоа следи вториот чекор – откако ќе добијат одобрение, значи 4.000 веќе имаат добиено одобрение за комплетност на барањето од УЈП и сега тие во МП образецот кога ќе аплицираат за да ја добијат финансиската поддршка кога ќе може точно и да кажеме за колку работни места се работи, бидејќи сега калкулираме со пополнети барања од страна на 5.000 компании. Ова е навистина еден значаен пакет мерки и допрва користењето на оваа најобемна мерка, треба да им помогне на компаниите и ликвидносно да ги заштити работните места, рече Ангеловска додавајќи дека кога ќе заврши процесот на аплицирање да може да се каже за колкава бројка на вработени се однесува. Таа очекува од 10 мај да почнат да се исплаќа финансиската поддршка кон фирмите.

Таа потенцира дека Владата ја следи состојбата и ако има потреба од дополнителни мерки, тие ќе бидат преземени.

Министерката Ангеловска истакна дека се прави план за постепено отворање на економијата и оти во негова изработка се вклучени и економските ресори и стопанските комори.

-Има оформено работни групи во соработка со епидемиолозите и Министерството за здравство со цел да може да се воспостават правила, протоколи за да може кога ќе започне таа фаза да знаат под кои услови треба да работат во насока на адаптирање кон новата ситуација, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи затоа што, како што рече, се зависи од здравствената криза, од линијата на новозаболени, на излечени. сст/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025