Утрински Весник
Сцена

Мадона: Оздравев, и одам да вдишам малку „корона-воздух“

Мадона: Оздравев, и одам да вдишам малку „корона-воздух“

Лос Анџелес, 4 мај 2020 (/) -Мадона деновиве објавува необични видеоснимки и фотографии во својот „карантински дневник” со коишто неколкупати ги изненади своите следачи, со донекаде бизарни настапи.

Имено, во едно видео, таа тврди дека го пребродила Ковид-19 и оти станала имуна на овој вирус. – Се тестирав пред неколку дена. Открив дека имам антитела. Утре одам на долго возење, ќе ги спуштам прозорците и ќе вдишам малку „коронавирус-воздух“, вели таа на својот Инстаграм.

Сепак, Светската здравствена организација предупреди да не се прават такви авантури, бидејќи нема доказ дека луѓето кои закрепнале од Ковид-19 развиваат антитела, или дека се заштитени од нова зараза.

Мадона е во карантин во својот дом во Калифорнија и од самиот почеток води дневник за тоа. Објавените снимки од неа и нејзините деца се испреплетени со филозофски размисли.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка