Утрински Весник
Спорт

Финалето на ФА Купот ќе се игра на 8 август

Познати двојките за четвртфиналето на ФА Купот

Лондон, 3 мај 2020 (МИА)– Финалето на Купот на Фудбалската асоцијација ќе се одржи на 8 август и ќе го означи крајот на фудбалската сезона во Англија, пренесува британскиот таблоид „Дејли Мејл“.

Ова е предвидено со проектот за рестартирање, подготвен заеднички од Владата на Велика Британија, ФА и Премиер Лигата, кој има за цел да ја обнови и целосно заврши сезоната во Англија.

Турнирот е во четвртфинална фаза, со уште седум одиграни натпревари до утврдување на победникот. Предвидено е дека сите седум средби ќе се играат на „Вембли“.

Фудбалската асоцијација на Англија сака да стори сé што може за да ги прекине и сезоните во Премиер Лигата и ФА Купот, бидејќи ќе избегне многу сериозни загуби на телевизиските права и спонзори.

Четвртфинале на ФА Купот:

Лестер Сити – Челзи

Њукасл – Манчестер Сити

Шефилд Јунајтед – Арсенал

Норвич Сити – Манчестер Јунајтед.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство