Утрински Весник
Спорт

Санчез може да заигра во друг клуб од Серија „А“

Санчез го финализираше трансферот во Интер

Милано, 3 мај 2020 (МИА) – Алексис Санчез следната сезона може да остане во Серија „А“, но како дел од друг италијански тим, пишува „Газета дело Спорт“.

Крилото е на позајмица во Интер до крајот на првенството, а договорот меѓу Манчестер Јунајтед и миланскиот гигант не вклучува опција за негово купување.

Се чини дека Интер нема да преземе акција за продолжување на неговиот престој на „Меаца“.

Според публикацијата, сепак, Рома се заинтересирани за него, каде планираат првично да го изнајмат, а потоа да го купат во летото 2021 година.

Тогаш тој ќе има 32 години и неговата цена драстично ќе се спушти.

Оваа сезона, Чилеанецот, кој исто така играше за Удинезе во Калчото, има 15 натпревари со 1 гол и 3 асистенции за „нероазурите“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ