Утрински Весник
Економија

Ангеловска дел од Акциската група против Ковид 19 на Светскиот економски форум

Ангеловска дел од Акциската група против Ковид 19 на Светскиот економски форум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска е дел од Акциската група против Ковид 19 основана од Светскиот економски форум.

Антикризната платформа е основана како одговор на здравствените, економските и социјалните последици предизвикани од Ковид 19 која треба да ги поврзе земјите и да ги поттикне заедно да дејствуваат и да направат стратегија за сузбивање на глобалната криза, особено во периодот на опоравување.

Во акциската група членуваат 37 избрани вицепремиери, министри, високи функционери, универзитетски професори и истражувачи. Ангеловска е еден од 37-те члена од Европа и Азија. Групата ќе се состанува редовно со цел координација и проактивно дејствување. 

– Акциската група треба да послужи како заедница на владите и стопанството, за да со брза реакција се мобилизираат меѓурегионални акции за справување со повеќекратните ефекти на кризата предизвиката од Ковид-19 во Европа и Евроазија и заеднички да создаде стратегии за справување со последиците од кризата предизвикана од COVID-19. Воедно целта е да ја подобри координацијата помеѓу властите, стопанството, невладините организации, академската јавност и другите засегнати страни, особено идентификувајќи ги можностите за меѓурегионална и меѓуиндустриска соработка, појаснуваат од Министерството за финансии.     

Групата треба да обезбеди и стратегиски совети со цел создавање на долгорочна одржливост на постојаните регионални проекти и тоа проектот на  Дигитална Европа, Европскиот Зелен Договор и Стратешкиот дијалог за Западен Балкан. бак/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра