Утрински Весник
Македонија

Со хуманитарен конвој репатрирани наши студенти од Турција

Со хуманитарен конвој репатрирани наши студенти од Турција

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи информира дека 102 студенти од земјава кои студираат на универзитетите во Турција успешно се репатрирани.

– Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора кој во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница. Воедно, за организираниот превоз со четири автобуси во понатамошната репатријација, како што беше и случај со евакуираните наши работници од Нигерија преку Турција, посебна заложба имаше Владата на Северна Македонија, а во случајот со студентите, и ангажманот на заменикот министер за труд и социјална политика на нашата Влада, се наведува во соопштението од МНР.

Ова е вкупно седми спроведен хуманитарен конвој, а трет од Турција по започнување на процесот на репатријација на нашите државјани кои беа затекнати во странство поради пандемијата на коронавирусот.

Вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3870.

Министерството за надворешни работи упати благодарност до надлежните власти во Турција и Бугарија за соработката и обезбедувањето на непречен транзит и за целокупната поддршка во овие отежнати околности. бак/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара