Утрински Весник
Македонија

Две лица во Дебар не ја почитувале забраната за движење

Две лица во Дебар не ја почитувале забраната за движење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 2 мај 2020 (МИА) – Полициската статистика потврдува дека во изминатото деноноќие, на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, две лица не ја почитувале забраната за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19 на подрачјето на ОВР Дебар, две лица не ја почитувале забраната за движење.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

По повеќе од еден месец, во Дебар на 27 април беа регистрирани првите прекршувања на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус.

Димоски информираше дека на ова подрачје не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Во изолација нема а во самоизолација се седум лица.

Врз основа на одлуката на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот Црвен крст продолжуваат да даваат помош – услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни.

Дебар од вчера е меѓу шесте градови каде нема активни случаи со Ковид-19.вт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ осудува нечовечки третман на вработени во Министерството за меѓуетнички односи

СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО за уривање на СДСМ одвнатре 

СДСМ: Дали е ова новинар?