Утрински Весник
Спорт

Одложено европското во велосипедизам за 2021 година

Одложено европското во велосипедизам за 2021 година

Трентино, 2 мај 2020 (МИА) – Европското првенство во велосипедизам, закажано за септември во италијанската провинција Трентино, е одложено за една година поради кризата со коронавирус, соопшти Европската велосипедска федерација (ЕВФ).

– Поради тешката состојба што го погодува целиот свет … Европското првенство во велосипедизам во Трентино (Италија) ќе биде одложено до септември 2021 година и ќе се одржи во истиот град, се вели во соопштението на ЕВФ.

Професионалното возење велосипед беше стопирано до 1 август, што исто така бараше преместување на најпрестижната турнеја во светот – „Тур де Франс“, за 29 август – 20 септември.

Сепак, ЕВФ додаде дека „ќе разгледа различни алтернативи на Европското 2020 и настаните од овогодинешниот календар, така што сите наслови во одделните категории ќе бидат дистрибуирани во сите дисциплини“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност