Тетово, 2 мај 2020 (МИА) – Ученикот Мал Хајрулаи (14) од Тетово за три минути ја реши рубиковата коцка, кое може да се погледне на видео снимката од неговиот брат осум-годишниот Кораб.
Кораб, кој како многумина на негова возраст има ју-тјуб канал под името Најл (Nile) каде презентира како ги поминува некои од видео игрите, но и разни случки од секојдневието. Во една од тие снимки го претставува брат му Кораб кој ја разрешува рубиковата коцка во форматот 3х3 за три минути и осум секунди.
Кораб има 8 години и е трето одделение. Од видето може да се види дека одлично го владее англискиот јазик. Мал е деветто одделение и има 14 години, а тренира кошарака. Двајцата се ученици ОУ Наим Фрашери во Тетово.ас/см/