Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од лажните вести, македонскиот јазик е признаен

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

Скопје, 2 мај 2020

Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, иако претходно нивните лаги ги демантираа и Европската Унија и Обединетите нации.

Истиот Николовски јавно тврдеше дека ООН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН во која беше наведено дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка. Уште еднаш вистината ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Истото се случи и со тврдењата дека Бугарија го проблематизира почетокот на преговори на нашата држава со Европската Унија, за потоа да стигне демант од ЕУ дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет. Со ова, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ е разобличена.

За разлика од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна иднина со загарантиран и признаен идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден и со договорот од Преспа, тоа е влезено во личната карта на нашата држава во Обединтетите нации, македонскиот јазик е во употреба во повеќе меѓународни организации, вклучително и ЕУ.

Секојдневно се потврдува дека целиот систем на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ е поставен врз креирање лажни вести и пласирање невистинити информации со кои само и штетат на државата и на граѓаните.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер