Утрински Весник
Економија

Народна банка со препораки околу исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Народна банка: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Народната банка апелира до корисниците на парична помош за социјална и детска заштита кои немаат дебитни картички, да поднесат барање за изработка на вакви картички со кои ќе бидат во можност парите да ги вадат и од банкоматите.

– На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина, велат од Народна банка.

Препорачуваат при посетата на филијалите и експозитурите, корисниците на парична помош да ги реализираат и останатите банкарски услуги за кои сметаат дека е потребно нивно физичко присуство во банката со цел да не мора неколкукратно да ја посетуваат банката во краток период.

За оние корисници на парична помош кои имаат дебитни картички се предлага да ги користат можностите за безготовинско плаќање.

Дел од препораките на Народната банка се и да се носи задолжително заштитна маска на лицето, да се почитува растојанието од најмалку два метра и да се следат насоките за задолжителна дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките. 

– Во текот на претстојните денови, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје. Веруваме дека како и при готовинските исплати по групи во изминатите неколку недели, системскиот пристап, и при оваа исплата ќе ги даде очекуваните резултати, велат од Народна банка. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра