Утрински Весник
Македонија

Дехари им го честиташе на кичевци Денот на трудот

Дехари им го честиташе на кичевци Денот на трудот

Кичево, 2 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, на синоќешната забава која се одржа во парк-шумата Кале во Кичево, за време на полицискиот час, со видео-порака, на кичевци им го честита 1 мај.

– Денеска е 1 мај, Ден на работникот. Иако не се слави во сите земји од светот, сепак за мене зборот работник, во мојата душа опфаќа значајно место, како и во моето семејство и за целиот мој народ, истакна Дехари.

Тој наведе дека сите сме во вонредна ситуацијата што го зафати целиот свет, во пандемија од Ковид-19, наведе градоначалникот на Кичево, додавајќи дека  во првите редови во борбата со оваа пандемија се работниците, односно здравствените, полициските работници, припадниците на армијата, новинарите, административните работници, општите работници, земјоделците, сточарите…

– Затоа јас сум овде за да давам подршка да не се вознемируваме и да продолжиме сите како работници за да се бориме со овој случај, рече Дехари.

Тој упати апел, да продолжиме како одговорни работници, имајќи физичко растојание, а не социјално, да се бориме во вакви ситуации.

– Ние почитувајќи се еден со друг сме постигнале да бидеме еден чист незаразен град, да продолжиме да бидеме пример на будност, почитување и дициплина и заедно ќе излеземе од оваа ситуација со надеж, истакна градоначалникот.

Тој покрај Денот на трудот го честита и светиот месец Рамазан, посакувајќи добро здравје во сите семејства.

– Да продолжиме со оваа дисциплина, организирани да се подржуваме еден со друг, да ги почитуваме препораките кои ги даваат овластените институции и да почекаме една подобра иднина и сосема на крај, да ги подржиме младите на секаква инцијатива како што е вечерашнава ,која е скромна но многу значајна, не очекува подобра иднина, бидете уверени за сите нас без исклучок , заклучи Дехари.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Да се дислоцираат пловните објекти од јавните површини долж крајбрежјето на Охридското Езеро

Доктор му кажал на Мицкоски најтешко повредените од Кочани ќе се транспортираат на негова одговорност

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува