Утрински Весник
Македонија

МТСП: Наша должност е да создаваме услови да може да се живее чесно и достоинствено

МТСП: Наша должност е да создаваме услови да може да се живее чесно и достоинствено

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика, честитајќи го 1 мај – Ден на трудот, порача дека останува посветено на поставувањето стандарди, принципи и права при работа кои ќe создадат поголеми можности за жените и мажите за пристојна работа и приходи, како и на јакнењето на трипартизмот и социјалниот дијалог.

– Први мај е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги дале животите. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание, наведуваат од МТСП.

Од Министерството истакнуваат дека пандемијата на Ковид-19 покажала дека мерките за заштита и поддршка на работниците се клучни и за превенцијата и спречувањето на ширењето на заразата, но и за зачувување на благосостојбата на семејствата и на целата држава.

– Затоа со благодарност гледаме на здравствените работници кои се на првата линија на одбрана од коронавирусот. Признание заслужуваат и сите други работници кои секојдневно на работните места и со работа од далечина ги надминуваат предизвиците и продолжуваат во вонредни услови да ги извршуваат обврските, велат од МТСП. см/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути