Утрински Весник
Македонија

Во пожар целосно изгоре кафуле во ТЦ „Мавровка“

Опожарен угостителски објект во Бутел, нема повредени

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Во пожар ноќеска целосно изгоре кафулето „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 01:30 часот, а пожарот е целосно изгаснат во 05:00 часот.

Командантот на ТППЕ Владимир Симоновски утринава за МИА изјави дека интервенирале со 20 пожарникари и осум возила.

Причините за пожарот засега не се познати. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска со јавен повик до Меланија: Контактирај ме веднаш, ќе помогнеме со сместување и нема да ве оставиме сами

Да не ги прескокнуваме приоритетите

Автомобил се запалил во движење во Чаир