Париз, 1 мај 2020 (МИА) – Амиен, кој испадна од Лигата 1 по прдвремениот крај на сезоната во Франција поради пандемијата на коронавирус, ќе ги разгледа причините за одлуката пред да го однесе случајот пред суд, соопшти францускиот фудбалски клуб.
– Ова не е фер затоа што Амиен не може да ги брани своите интереси на теренот и да го задржи своето место во првата лига. Ќе се бориме со сите средства дозволено да докажеме дека одлуката не е фер и дека правото е целосно на наша страна, рече претседателот на Амиенс, Бернар Жоенен.
Пари Сен-Жермен, кој имаше 12 бодови предност на првото место во Лига 1, беше прогласен за шампион на Франција. Идентификувани беа учесниците во Лигата на Европа и Лигата на шампионите, како и оние кои се префрлија во Втората лига.
Раководството на Француската лига препорача замрзнување на привремениот пласман во Лига 1 и прифаќање на истиот како конечен.
Одлуката значи дека Марсеј и Рен ќе учествуваат во Лигата на шампионите заедно со ПСЖ. Лил, Римс и Ница се квалификуваат во Лигата на Европа, додека Амиен и Тулуз испаднаа од првата дивизија.
Лидерите во Лига 2, Лориен и Ленс се стекнаа со прволигашки статус.
Новата фудбалска сезона во Франција се очекува да започне на 22 август. зс/