Утрински Весник
Спорт

НБА лигата им препорача на клубовите да не прават тестови на играчи без симптоми на коронавирусот

Голден стејт изедначи во финалето на НБА-лигата

Вашингтон, 1 мај 2020 (МИА) – НБА лигата им препорачува на клубовите де не вршат проверка на асимптоматски играчи и персонал за присуство на коронавирус.

– Во моментов, имајќи ја предвид општата состојба, непрактично е редовно да се проверуваат сите играчи и персонал за присуство на коронавирус, се вели во пораката на надлежните од најсилната кошаркарска лига на светот.

Во меморандумот се забележува дека НБА лигата бара можности за општо тестирање во рамките на лигата и очекува да го воведе овој систем по продолжувањето на активностите на екипите.

Се проценува дека доколку заврши сезоната, во лигата ќе треба околу 15 илјади тестови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk