Утрински Весник
Спорт

Владата на Италија: Блиску сме до конечен прекин на Серија „А“

Калчолигашите предлагаат да нема изпаѓање оваа сезона и да се прошири лигата на 22 екипи

Рим, 30 април 2020 (МИА) – Министерот за спорт во италијанската влада потврди дека најавата за крај на сезоната во Серија „А“, која беше прекината поради пандемијата од коронавирус во таа земја, сериозно се разгледува.

– Деновиве има интензивни состаноци помеѓу Институтот за јавно здравје и Фудбалската федерација за да се информираат за протоколот за здравје и безбедност што треба да се спроведе детално и целосно за да може Серија „А“ да продолжи. Само во случај Федерацијата и Лигата да се во способност за спроведување на барања за протокол, ќе дозволиме почеток на клупски тренинзи и завршување на Серија „А“. Меѓутоа, ако од очигледни причини, Владата заклучи дека здравствената состојба во земјата е таква што играњето натпревари придонесува за ширење на инфекцијата, ќе решиме да ја завршиме сезоната. Во тој случај, ние ќе сториме се за да го натераме фудбалот во Италија да плати што е можно помала штета заради таквата одлука, рече Винченцо Спадафора.

Тој додаде дека ако дефинитивно се прекине првенството, владата ќе преземе целосна одговорност за таквата одлука.

– Ова е причината зошто јас го повикувам раководството на Лигата и Федерацијата да престанат да ја напаѓаат владата затоа што ние не сме непријатели на фудбалот и тие треба да бидат свесни дека фудбалот во нашата земја е симбол на единство, а не поделба, посочува тој.

Потсетуваме, сезоната 2019/2020 во Серија „А“ заврши на 9-ти март. Остануваат 12 кола и четири рунди од 25. Купот беше прекинат по првите полуфинални натпревари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност