Утрински Весник
Македонија

МВР: Ќе се испитува дали полициските службеници постапиле според правилата и процедурите во Струмица

Седумнаесет граѓани од Струмица, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење

Струмица, 30 април 2020 (МИА) – Со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле согласно правилата и процедурите за постапување од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста, стои во соопштението кое го објави Министерството за внатрешни работи по настаните околу синоќешното блокирање на доставувањето на хуманитарната помош од семејството Заеви.

Од МВР информираат дека постапувале по план и задачи за непочитување на одлуката на Владата за забрана за движење. Во 22:30 часот, во Струмица, на улица „Ѓорги Трајков“ од страна на полициски службеници од СВР-Струмица, биле затекнати 11 лица и поголем број пакети со непозната содржина.

-Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, а дел од лицата поседуват известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10 април, напишаа од МВР.

Понатаму се соопштува дека увидот од страна на увидна екипа на СВР-Струмица е извршен по овластување на дежурен јавен обвинител, а со потврда за привремено одземени предмети се одземени дозволите и известувањата за да се изврши проверка на веродостојноста на истите.

-По насоки за постапување од Јавниот обвинител дадена е наредба на полициски службеници физички да се обезбедуваат пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за истите од страна на Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, се додава во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На крајот од соопштението полицијата информира дека нема приведени лица во Полициската станица во Струмица, а во текот на денешниот ден три лица биле повикани на разговор во СВР-Струмица и по извршен службен разговор лицата си заминале од СВР-Струмица, а се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО Струмица. рт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?