Утрински Весник
Македонија

Дескоска сподели искуства за Ковид-19 со министри од неколку европски држави

Дескоска сподели искуства за Ковид-19 со министри од неколку европски држави

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска преку видео-конференција со нејзини колеги од неколку европски држави споделила искуства поврзани со справување со ситуацијата со Ковид-19, кои пред сè, се однесуваат на правосудниот и затворскиот систем.

Од Министерството за правда соопштија дека таа во своето обраќање, истакнала дека мерките коишто се преземаат во областа на правдата во земјава, се мерки и решенија коишто во голема мера се идентични со оние од европски држави.

– Дескоска потенцираше дека во поглед на постапувањата во судовите и обвинителствата, Република Северна Македонија ги искористила искуствата од Австрија, според кои судовите и обвинителствата постапуваат исклучително само за итните предмети и оние за кои постои опасност од застарување, наведоа од Министерството.

Имено, министерката за правда ги споделила искуствата и решенијата преземени во поглед на запирањето на извршувањето, со кои им се помага на граѓаните во овој тежок период.

На видео-конференцијата учествувале австриската министерка за правда Алма Задиќ, албанската министерка за правда Етилда Ѓонај, претставници од српското и босанското Министерство за правда, директорот на Одделот за ЕУ и меѓународни односи од Министерството за надворешни работи на Холандија, Роб Хујсер, како и претставници од италијанското и француското Министерство за правда. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание