Гевгелија, 30 април 2020 (МИА) – Мобилните тимови на општина Гевгелија,во пресрет на првомајските празници,ја спроведува четвртата акција за помош на социјално ранливите категории за време на вонредната состојба во земјава предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Според изготвен список од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи,пакети со храна и хигиенски средства им се делат на стотина корисници на гарантирана минимална парична помош,на лица кои го искористиле правото на еднократна парична помош како и на корисници на народната кујна.
Пакетите се донација од гевгелиската компанија „SYNOTtip-Македонија“, која покажа општествена одговорност со вклучувањето во хуманитарната акција на општина Гевгелија.
Покрај ова,една холандска компанија денеска донираше по 240 маици и шорцеви кои ќе се користат за изведување на наставата по физичко воспитување во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. им/ир