Лос Анџелес, 30 април 2020 (/) – Против американската филмска акциона ѕвезда Харисон Форд е поведена истрага поради минатонеделниот инцидент којшто се случи на аеродромот Хоторн кај Лос Анџелес.
Американската Федерална воздухопловна администрација (ФАА) соопшти дека глумецот пилотирал со мал авион, при што му го пресекол слетувањето на друг авион. Раздалеченоста меѓу двата авиона притоа била околу 1.100 метра, па немало опасности од судир.
Форд преку својот адвокат се извини поради грешката и објасни дека тој всушност погрешно ги разбрал инструкциите од контролата на летање.
Ова не е прв ваков инцидент во кој Харисон Форд (77), се нашол, како пилот на свој приватен авион. си/