Утрински Весник
Политички Партии

Претставници на Движењето БЕСА делеа маски во Гостивар

Претставници на Движењето БЕСА делеа маски во Гостивар

 

Скопје, 29 април 2020

Претставници на Младинскиот форум на Движењето БЕСА како и претставници на форумoт на жени, денес во градот Гостивар им поделија бесплатни маски на граѓаните за да се заштитат од пандемијата „Ковид-19“. Најнови препораки се секој граѓанин да носи заштитна маска за да спречи инфекција со коронавирус. Здравјето е пред сè, па затоа треба да се следат препораките, а особено со носење заштитни маски и одржување на социјална дистанца.

Изјава за медиумите на претставничката од Форумот на Жени – Движење БЕСА, Флорие Синани:

„После акциите во неколку градови од земјава за делење на заштитни маски, денес решивме да продолжиме во градот Гостивар. Решивме да им дадеме на граѓаните на Гостивар бесплатна маска и уште еднаш да ги потсетиме за важноста за одржување на здравјето. Пандемијата „Ковид-19“ го зафати скоро целиот свет, па затоа треба да се следат најновите препораки, особено носењето маски, кое пред неколку дена стана задолжително за граѓаните. Ние сме повеќе од убедени дека ако се почитуваат мерките, многу побрзо ситуацијата ќе се врати во нормала“.

Движење БЕСА, Канцеларија за информирање

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт