Утрински Весник
Македонија

ЈСП: За 1, 2 и 3 мај автобусите ќе возат по неделен возен ред

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – ЈСП информира дека јавниот превоз во петок 1 Мај, сабота 2-ри и недела 3 мај ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, можете да го видите на интернет страницата на ЈСП.

В петок и в недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

– В сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот), информираат од ЈСП.

Оттаму потсетуваат дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

– Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници, велат од ЈСП. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето