Утрински Весник
Македонија

Реакција од Здружението ЕСЕ на мислење од Министерство за здравство за мерките за епидемијата со Ковид -19

Реакција од Здружението ЕСЕ на мислење од Министерство за здравство за мерките за епидемијата со Ковид -19

29 април 2020 

На 22.04.2020 година, 10 здруженија на граѓани доставија барање за преземање на превентивни мерки за спречување на ширењето на епидемијата со Ковид-19 во супстандардните населби и супстандардните живеалишта во Р. С. Македонија до претседателот на Владата на Р. С. Македонија, Г-дин Оливер Спасовски; Главниот координативен кризен штаб; Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и  градоначалниците на општините: Шуто Оризари, Карпош, Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар, Kичево, Дебар, Велес, Струмица , Штип, Делчево, Виница, Кочани, Пехчево – с.Црник, Битола, Берово.

Еден ден подоцна од Министерството за здравство е добиено е мислење, во кое се вели “Министерството за здравство со внимамие го разгледа доставеното барање и смета дека имајќи во предвид дека се бараат посебни активности за хабитација, хигиена и слично на посебни вулнерабилни групи, надлежноста за истото е кај Министерството за труд и социјална политика. Во делот на вршење на тестирање, истото се прави по епидемиолошка индикација, а стандардот на живеење не е ексклузивен критериум за истото. За сите други масовни здравствени аспекти (масовен скрининг, масовна дезинфекција и сл.) сите граѓани и области во РСМ ќе бидат рамноправно опфатени, без дискриминација и без фаворизација.”

Во таа насока на 29.04.2020 година доставен е одговор на мислењето на министерството со кој здруженијата на граѓани бараат од Владата и Министерството за здравство да образложат: 1. Како луѓето ќе ја почитуваат препораката за миење на рацете, ако немаат чиста проточна вода во домот?
2. Како луѓето ќе обезбедат грижа за заболено лице во домашни услови, со соодветна физичка дистанца, ако живеат 5-6 члена во заеднички субстандарден простор од 30 метри квадратни?
3. Како луѓето, чии член од семејството е лице заболено или починато од Ковид 19 ќе ја почитуваат наредбата за само-изолација, ако живеат во импровизирано живеалиште, без врати и прозорци и го делат дворниот простор со повеќе семејства?
4. Како најсиромашните лица од Шуто Оризари, Делчево и останати места кои не се во можност да платат превоз, ќе отидат да се тестираат во друга општина, бидејќи не можат да се тестираат во своето место на живеење? Дури и да можат да платат, можат да си дозволат само јавен превоз, со што се загрозува јавното здравје на населението
5.  Како најсиромашните лица ќе се јават на телефон кај својот матичен лекар за да закажат тестирање, или на телефон за психолошка поддршка, кога немаат средства да го платат телефонскиот разговор?
6. Како лицата без образование, или лицата кои немаат струја во домовите, кои немаат интернет ќе ги дознаат најважните информации поврзани со превенција и со главните симптоми на Ковид-19, за да можат да се заштитат и навремено да ги препознаат симптомите на болеста? Тие лица информацијата, како и основни здравствени услуги треба да добијат на разбирлив јазик во своите заедници.
7.  Како сиромашните лица кои немаат парични средства да купат средства за дезинфекција, ќе можат да ги дезинфицираат заедничките простори за живеење со други лица, како што се заедничките дворни места и слично.

Со почит,
Дарко Антиќ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани