Утрински Весник
Сцена

Почина ѕвездата од филмот „Милионер од гетото“

Почина ѕвездата од филмот „Милионер од гетото“

Мумбај, 29 април 2020 (/) – Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото (Slumdog Millionaire), како и од „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот глумец Ирфан Кан почина на 53 години.

Глумецот починал во болница во Мумбај, Индија.

Нему 2018 година му беше откриен ендокрин тумор – ретка болест поврзана со хормоните и крвта.

Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој бил примен в болница со инфекција на дебелото црево, како последица од ракот.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка