Лос Анџелес, 29 април 2020 (/) – Американската академија за филмски науки, којашто е организатор на доделувањето на наградите Оскар, денеска најави дека, поради престанокот на работа на кината при корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за Оскарот следната година.
Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскарите под услов – најмалку седум дена прикажување во кино во Лос Анџелес или ширум САД. Но, поради пандемијата на новиот коронавирус, кината не работат, а сите премиери се откажани.
Најголемите американски дистрибутери АМЦ, Регал и Синемарк, соопштија дека не очекуваат повторно отворање на киносалите пред крајот на јуни или почетокот на јули.
Следното доделување на Оскарите е најавено за 28 февруари. си/