Утрински Весник
Македонија

Се утврдува протокол за организирање свадби во услови на коронакриза

Се утврдува протокол за организирање свадби во услови на коронакриза

Скопје, 28 април 2020 (МИА) –  За организрање на свадби во услови на коронакриза во разговори со економските оператори ќе се утврдат критериуми за распоредот на масите и дистанцата што треба да се одржува. Ќе има генерален протокол кој би се модифицирал зависно од специфичноста на објектот.

Комисијата за заразни болести веќе подготвува пртоколи за одржување на курсеви и едукации во затворени простории, јавниот превоз, училиштата и градинките, какои за економските оператори, а како што најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, со интензивна работа во наредните недела, до две, до средината на мај ќе бидат финализирани и објавени сите сегменти на понатамошното функционирање, со цел да се заштити јавното здравје.

Сите протоколи ќе бидат споделени со стопанските комори коишто ќе ги претстават на економските оператори.

На новинарското прашање како ќе бидат организирани свадбите и семејните веселби, министерот истакна дека и за тоа ќе има определени критериуми во однос на тоа како ќе бидат распределени масите и како ќе треба да се одржува дистанцата.

– Ќе биде укажано како треба економските оператори да се придржуваат на тие мерки и секако дали ќе ги прифатат или ќе имаат и тие од своја страна некакви сугестии. Затоа што и тоа е важно, еден генерален протокол секако дека во некоја ситуација ќе мора да биде модифициран во согласност со специфичноста на објектот или институцијата, образложи Филипче.

Министерот рече дека се уште е рано и оти до средината на мај целосно ќе го имаат оформено концептот за секој сегмент од функционирањето.

– Нормално е дека со овие рестриктивни мерки кои што иницијално ги носиме, со цел да се заштити здравјето, има секојдневен голем притисок од страна, многу социјални и економски аспекти и тоа е нешто што е очекувано, заклучи Филипче.см/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа