Утрински Весник
Македонија

Петровска: Истрагата за снимката со Мицкоски во теретана не е завршена

Петровска: Заврши времето на партиски штабови во МВР

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Истрагата за објавената снимка, на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и полициски службеници во теретана се уште не е завршена, објави денеска дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

-Во врска со објавената снимка од Мицковски и полициски службеници во теретана, во интерес на вистината информирам дека МВР сеуште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена, напиша Петровска на Фејсбук.

Таа додаде дека случајот со Мицковски и теретаната нема да се затвори „затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицковски и Бисовски“.

-Бидејќи МВР сеуште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките сеуште не е завршена. Кривично дело е и прикривање на кривично дело. Обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни. Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството, напиша Петровска на Фејсбук. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”