Њујорк, 28 април 2020 (/) – Познатиот американски театарски глумец Ник Кордеро е зависен од респиратор откако вчера разви треска како компликација од новиот коронавирусот.
Актерот од Бродвеј се бори со вирусот веќе неколку недели.
– Лекарите не можат да го тргнат од респираторот откако го зафати треска. Состојбата засега е под контрола… Но, чувајте нѐ и нас и Ник во вашите молитви, изјави сопругата на глумецот, Аманда Клутс.
Кордеро (41) и Клутс пред 10 месеци го добија синот Едуардо. си/ми/