Утрински Весник
Спорт

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Барселона, 28 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, може да го напушти клубот во текот на летото.

Според Мундо Депортиво, каталонскиот клуб му дозволил на фудбалерот да преговара со италијанскиот клуб кој ќе се обиде да го убеди Артур да дојде во Торино.

Јувентус подготвува дарежлива понуда за овој трансфер, бидејќи нема да мора да плати голема сума.

Наводно, Барселона сакала да го продолжи договорот со Бразилецот, но тој побарал зголемување на платата, што било одбиено, затоа што клубот е во тешка економска состојба.

Претходно беше објавено дека Барселона го размислува д аго вклучи Артур како дел од договорот за трансфер на дефанзивецот на Јувентус, Метју де Лигт. Исто така, се дозна дека Бразилецот може да замине во италијанскиот клуб во замена за играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ.

Тековниот договор на Артур со Барселона истекува во 2024 година.

Оваа сезона, 23-годишниот Бразилец настапи на 16 натпревари за каталонскиот клуб во Ла Лига, постигна три гола и оствари три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо